Предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, судијата Владимир Панчевски кој е суспендиран да биде шеф на новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција донесе нова идеја за начинот на избор на оваа функција.
Панчевски кому не му е јасно дали Мицкоски е сериозен предлага американски модел за избор на јавен обвинител.
Тој во пост на Фејсбук прашува „Ме предлага или сум лош пример?“
“Едните се за, другите се против, предлогот е добар само доколку зад тоа стои народот на јавни и непосредни избори, само тогаш ќе има гаранции за еднаква правда за сите!, пишува Панчевски”, пишува Панчевски.
Во САД јавниот обвинител на повеќе различни ниво се избира на избори.





