Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој го одби барањето на онвинителството и не одреди притвор за групата која предводена од чаирскиот шеф на ДУИ Беким Незири упадна во М-НАВ.
Судијата Пајазити порано давал притвор како од шега а сега за насилниците од ДУИ сменил систем.
Тој претходно во случајот Титаник одредил против за тројца членови на ДУИ кои правеле изборен криминал а потоа и одредил притвор за новинарот Марјан Стаменковски.
Сега кога се работи за предмет за затворска казна од најмалку пет години надвор од секоја судска логика Пајазити го одбил барањето за притвор од ЈО.
Пајазити е заменик претседател на Кривичниот суд а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издржување на казната затвор.
Судскиот совет тогаш одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.
Пајазити за насилниците од ДУИ кои влегоа во МНАв да тепаат бил дежурен во судот цела недела согласно распоредот во Кривичниот суд.
Се очекува жалба на Обвинителството кое бараше притвор.
Според мерките на Пајазити, Беким Незири може да оди и на работа во М-НАВ бидејки е на територија на Скопје, а тој и останатите тројца имаат само мерки за ненапуштање на живеалиште.
Беким Незири може да оди и на работа во М-НАВ бидејки е на територија на Скопjе а тој и останатите тројца имаат само мерки за ненапуштање на живеалиште oбврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, oдземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетениот како и меѓусебна комуникација.
По одредувањето притвор за членовите на ДУИ за случајот Титаник во 2016 тој мистериозно од Кривичниот суд Скопје 1 беше пратен да суди во Судот за прекршоци.
Поврзани вести
Кадар на СДСМ создава контекст за ослободување на напаѓачите на МНАВ од ДУИ





