Судијата Неџати Мемети од судот во Куманово на барање на функционерот на СДСМ Мартин Костовски го осуди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за говор во собранието иако пратениците уживаат имунитет за искажани ставови од собраниската говорница.
Петрушевски кој според пресудата ќе треба да плати 2,5 илјади евра вели дека и покрај пресудата не се плаши ниту притисокот може да го натера да гласа за уставните измени.
,,За првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница.
Ова власт повеќе не е ДИКТАТУРА, туку комплетно премина во ТИРАНИЈА.
Токму за да се оневозможат ваквите притисоци врз опозицијата, Уставот и Законот предвидуваат имунитет на пратениците за ставови искажани од собраниската говорница.
Но, одамна Уставот и Законите на оваа држава за власта на ДУИ и СДС се само обична хартија за еднократна употреба.
Јавно им кажувам, ниту ќе ме уплашат, ниту ќе ме замолчат, ниту ќе ме запрат да им ги кажувам криминалите дирекно очи. Уште помалку пак ќе ме присилат да им ги гласам уставните измени.
Напротив, само уште повеќе ме мотивираат”, и порачува Петрушевски на власта и ја советува да се подготви наредниот период да преживува уште посериозна “душевна болка”.
Судијата Мемети го отфрлил барањето на Костовски за оштета од 10 илјади евра за душевна болка.








