Судија за скандалот “Притвор на Мандиќ”: За некои јавувања да не одат за други по секоја цена

Судијата Владимир Панчевски реагира на инфор аџиите дека соработничка на Боко 13 Јасна Мандиќ била спасена од премиерот Заев да не оди во притвор туку дома да го чека судењето и пресудата за “Меѓународен сојуз”.



“Ете за некои се јавуваат да не одат во притвор, а за други по секоја цена дури и незаконски да има притвор, ама и тоа ќе помине, силните ќе издржат, а после, после општеството ќе има “помирување” нели општа амнезија…”, пишува Панчевски за кого владеачките структури по секоја цена инсистираа да заврши во притвор иако против него немаше ниту еден цврст доказ за делото за кое се товари а предходно во претресот на неговиот дом истражители украдоа клуч за што никој не одговараше.