Судија одбил аташе на амбасадата на САД за доделување притвори

Екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски открива шокантни информации според кои аташе на амбасадата на САД во времето на амбасадорот Бејли му вршел притисок да дава притвори за осомничени лица.



Панчевски тврди дека американскиот дипломат кој го вршел притисокот е Дејвид Стивенсон кој откако замина од амбасадата на САД работеше како советник на Катица Јанева во СЈО.

Судијата оваа информација ја дава во контекст на судијката Злата Попова од Гевгелија, исто така блиска на Јанева која даде налог за претрес во домот на Панчевски иако за тоа немала стварна и месна надлежност.

“До Катица е Злата Попова судијка од Гевгелија даде наредба за претрес кај мене поранешен претседател на Кривичниот суд Скопје откако јас непристрасно го одбив Дејвид Стивенсон аташето на Бејли по однос на притвори за што судиите сами решаваат. Овде во Амбасада на Сад кај Бејли”, открива судијата Панчевски.

Тој по смената на власта беше избркан од своето работно место откако предходно од судење на кривични дела беше префрлен во одделот за прекршоци.