„Најмалку што очекувам од Јавното обвинителство е веднаш да отвори финансиска истрага за трошењето на буџетските пари во мандатот на СЈО, како и да ги испита наводите околу постоењето, потребата и намената на посебната каса во ова јавно обвинителство“ реагираше вчера судијата Владимир Туфегџиќ откако беше обелоденето дека поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева земала вкупно 157.000 евра, како додаток, надвор од редовната плата, како што јави порталот „Призма“.
По информација на „Призма“ дека Јанева земала таканаречен „додаток за доверливост“, судијата вели:
„Во досегашните шестмесечни финансиски извештаи на СЈО, кои се достапни и доставени до Собранието, не успеав да прочитам дека е прикажана исплата по основ “ДОДАДОК ЗА ДОВЕРЛИВОСТ“ и други основи по кои се исплатувани додатоци на плата на специјалните јавни обвинители“, пренесе „Фокус“.





