Апелациониот суд во Скопје ја укина 19-годишната затворска казна пресудена на скопјанката Ангела Ѓорѓиевска која беше прогласена за виновна за помагање во убиството на Пино Секондо кое беше извршено во 2018-ма година.
Мајката на убиениот , Маја Трповска на Фејсбук ја прокоментира пресудата на Апелација.
Таа смета дека нема правда во Македонија.
„Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија, напиша Трпковска на Фејсбук.
Ангела Ѓорѓиевска беше осудена поради свирепото убиство на Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна за помагање во извршување на убиството во 2018 година.
Пино Секондо, син на Италијанец и Македонка со живеалиште во Скопје исчезна есента 2018-та. И покрај интензивните потраги не беше пронајден ниту тој ниту автомобилот со кој последен пат е виден. Според обвинението, но и според неговите најблиски, последниот телефонски контакт, Пино го имал токму со Ангела.
Остатоци од телото на убиениот Пино беа најдени наредната пролет во напуштен предел во близина на скопското село Љуботен.
По истрагата, која од случај на исчезнување прерасна во истрага за убиство беа обвинети Ѓорѓиевска за помагање и Фуркан Али за извршување.
Али обвинет дека го извршил убиството со пушка која ја носел во автомобило се уште е во бегство.







