Одбиен е како неоснован предлогот на Јавното обвинителство за раздвојување на постапка за осомничените во случајот „ТНТ“.
Судењето ќе продолжи на 17 јануари, а денешното се одложи поради отсуство на осомничениот Тони Трајковски, кој завчера беше претепан, а од синоќа е хоспитализиран на Клиниката за неврологија.
Поради здравствената состојба на Трајковски, ЈО побара да се раздвои постапката и да финишира само со обвинетите Миле Јанакиески и Никола Груевски на кој му се суди во отстство за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.





