Судењето за смртта на Саздо почнува на 9 ноември

Судскиот процес за смртта на 20-годишниот член на  навивачката група „Комити“, Никола Саздовски, ќе почне на 9 ноември, информираа од Основниот суд Скопје 1 Скопје.



Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во Автокоманда, а по десетина дена борба за живот, почина на КАРИЛ. Тој беше претепан со боксови и клоци по главата и градите, а ударите продолжиле и откако паднал на земја.

Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“.

По третиот осомничен е распишана меѓународна потерница.

Стопирана истрагата за третиот осомничен за убиството на Саздо