За 26 февруари е одложено денешното судење на обвинетите „организатори за 27 април“ а причината е да и се овозможи на одбраната да изврши увид во доказите кои не им биле доставени од претходниот судски процес.
За организатори се обвинети поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски. Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
За насилствата во Собранието, во судскиот процес, што заврши на 15 март минатата година, на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.




