„Судбината“ на СЈО пред претениците

Законот за Јавното обвинителство денеска ќе се најде пред пратениците, кои ќе треба да гласаат за тоа дали има потреба од донесување на Законот кој, според владиниот Предлог-закон, предвидува СЈО да се спои со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и да се вика Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.



Законот е со европско знаменце треба да се усвои некаде до средината на септември.

За да се изгласа клучниот закон кој треба да обезбеди функционирање на СЈО, треба 2/3 мнозинство гласови, но досега власта и опозицијата не постигнаа договор.

Засега, како што беше соопштено по вчерашните разговори, била постигната согласност дека Катица Јанева повеќе не е предмет на дискусија дали да биде префрлена во новопланираното Обвинителство за гонење на висок криминал и корупција.

Денеска н ќе расправа и Советот на јавни обвинители за вмешаноста на Катица Јанева во случајот „Рекет“ и ако утврди елементи за разрешување ќе се извести Собранието. Седницата е закажана за 11 часот. Во Законот за СЈО не е предвидена замена за Специјалната обвинителка, ниту е утврдена постапка за избор на нов шеф.

Јанева поднесе условена оставка на 15 јули, која, според неа, ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за избор на нејзин наследник. Оставката беше најавена истиот ден кога беа уапсени Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.