Седум лица загинаа, а 19 се водат за исчезнати, по сударот на туристички брод со друг брод на Дунав во близина на центарот на Будимпешта, јави Би-би-си.
Сите загинати биле странски туристи – граѓани на Јужна Кореја.
Несреќата се случила синоќа околу 21,15, недалеку од парламентот на Унгарија, а по сударот, бродот со туристи се превртил и потонал.
Седум патници со мали повреди биле префрлени во болница.
На бродот кој потона, во моментот на несреќата имало 33 патници и двајца Унгарци кои биле членови на екипажот.
Дури 96 пожарникари учествуваа во спасување на настраданите.
Портпаролот на компанијата, во чија сопственост бил бродот „Сирена“, изјави дека немало индикации дека бродот имал никакви проблеми.
Туристиката агенција Јонхап објави дека туристите, на возраст меѓу 40 и 50 гоидини биле на крстарење со бродот низ Источна Европа.
Унгарски медиуми споделија видео од сударот снимено од надзорни камери поставен на покривот на близок хотел.





