Студенти на протест ќе ги бараат нивните права

 

Преку протест студентите денеска ќе искажат револт од ненавремената исплата на продолжените студентски стипендии, од задоцнетите исплати на ваучерите за превоз, од доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите и проблемите со мерката субвенциониран студентски оброк.



Организатотори на протестот, кој е најавен за 14 часот пред МОН, се Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Факултетските студентски собранија на УКИМ и со поддршка од универзитетските студентски собранија на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (УКЛО), Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), „Мајка Тереза“, АУЕ-ФОН и Американ Колеџ.

Организација за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) ги поддржува студентите и нивните барања.