Студенти бараат да запре политичкиот притисок за избор на студентско собрание на најстариот факултет

Група студенти од Филозофскиот факултет во Скопје кој поради страв од реваншизам не сакаат јавно да говорат бараат да запре жестокиот политички притисок за избор на студентско собрание.



На 16 ноември 2023 на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одржат избори за членови и претседател на факултетското студентско собрание што предизвикало активности во кои се користат закани кон студентите гласачи.

Дел од студентите тврдат дека група професори блиски до владеачката партија со закани ги принудуваат студентите да гласаат за фаворит н власта.

Тврдат дека од студентите се бара да ја кандидатката за претседател која е во блиски роднински врски со сопственик на невладина организација блиска до власта.

Студентите се вџашени што во моменти кога Македонија се соочува со жестоки критики од ЕУ за партиски влијанија во разни сектори на најстариот факултет на универзитетот УКИМ се врши притисок за избор на кандидат наметнат од политичка партија.

Студентите најавуваат дека нема да дозволат за власта посакуваната кандидатка да спроведува партиска агенда за сметка на студентските права.

Ти е не исклучуваат и радикализација на отпорот кон владиното наметнување на свој кандидат за позиција иако таа е релативно неважна во системот на владеење во Македонија.

Според уставот работата на Универзитетот и сите негови тела треба да е автономна без влијанија од политиката.