Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон отворено им порачаа на делегатите од шестте земји од таканарачениот Бападен Балкан дека шансите наскоро да ѝ се придружат на Европската унија се мали и дека прво треба да ги средат внатрешните работи во своите земји.
Земјите од Западен Балкан добија разочарувачки пораки на конференцијата која се одржа во Берлин пишува „Фајненшл тамјс“ во анализата насловена „Франција и Германија со студен туш кон балканските надежи за итно пристапување во ЕУ“.
Според весникот Макрон смета дека „фокусот“ не е во прошируваето на ЕУ, туку се фокусирал на потребата од политичка стабилност во регионот, велејќи дека Париз ќе пружи помош во клучните економски, социјални, безбедносни реформи, како и во областа на владеење на правот, а не преку процесот на проширување.
„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот. Од 2000 ние се повлековме од регионот, но денес сакаме да работиме заедно“, рече Макрон пред средбата во Берлин со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово.





