Стружани со два гола предност на реваншот со Есперанж во Луксембург, хет-трик на Ибраими

Фудбалскиот првак на Македонија, Струга Трим Лум, ќе патува со предност од два гола на реваншот со Есперанж следниот чертврток во Луксембург, откако славеше со 3:1 во првиот дуел од полуфиналето на квалификациите за Лигата на конференциите на УЕФА.



Во стилот на Марјан Радески од реваншот со Будуќност во Подгорица во претходниот елиминациски круг, Бесарт Ибраими забележа хет-трик на мечот во Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, погодувајќи во 21. минута и два пати од пенал во 40. и во 77. минута.

Стрелец на единствениот погодок за гостите беше Германецот Доминик Штолц во 46. минута.