Струшките вечери на поезијата ќе се отворат и затворат – на албански

„Одлучивме во интерес на привлекување на публика која го зборува албанскиот јазик, церемонијата на главното отворање и на затворањето, најавите и преводите на песните да бидат и на албанскиот јазик“ изјави Тодорче Тасески, директор на Струшки вечери на поезија.



Според него, тоа „не произлегува од Законот за употреба на јазиците, туку беше наша програмска определба за да допреме пошироката публика“, објави Алсат М.

Преводите на поезијата на поетите учесници на македонски и албански јазик во најголем дел одеше во пишана форма.

Фестивалот ќе трае до 30 август, а поради пандемијата, „Струшките вечери“ ќе се одржуваат само за ограничен број на посетители, а не се одржа ниту традиционалното садење на дрво во Паркот на поезијата од страна на добитникот на главната награда. Добитничката на Златниот венец годинава, британската поетеса, Карол Ен Дафи.