Струшкиот огранок на СДСМ ќе продолжи со поддршка на Рамиз Мерко

„Нашата соработка ќе продолжи за се што е во интерес на граѓаните. Обврска на истражните органи е да ги истражат неговите сомнителни дела. Не сме ние тие што треба да бараме оставка, бидејќи градоначалникот е избран од граѓаните и само тие можат да бараат оставка“, вели Александар Попоски, претседателот на огранокот на СДСМ во Струга.



Советниците на СДСМ заедно со оние на ДУИ го сочинуваат мнозинството во Советот на Општина Струга.

Околу ова, портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски за ТВ21 потсети на зборовите на неговиот шеф Ковачевски, дека како партија ги повикале своите советници во Струга да размислат како понатаму, но без да прецизираат која е партиска одлука.

„Мора да седнат и да размислат како ќе продолжат затоа што сите се избрани од граѓаните за подобрување и заштита на правата на граѓаните“

Ова е пораката што премиерот, воедно и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски која им ја испрати на партиските советници во општина Струга, откако  градоначалникот Рамиз Мерко се најде на црната листа на САД.