Угостителите од Струмица едногласно донеле одлука за бојкот поради новите мерки кои беа донесени деновиве, објави Струмицаденес.мк



„Од вторник од 11:00 часот до 13:00 часот, секој ден во знак на незадоволство ќе настапиме со блокирање на улиците во Струмица како и влезовите на градот.

Ги бараме повторно претходните мерки за слободен влез на невакцинирани и вакцинирани, бидејќи со моменталните мерки се создава само поделба на граѓаните.

Ние не сме тие што ја шириме короната и затоа бараме владата да го прифати нашето барање. Во спротивно ќе настапиме и со поостри мерки.

Во овие години ние сме на постојан удар, време е Владата да донесе нови мерки кои ќе бидат и во наша корист, севе ли во соопштението на Угостителскот здружение од Струмица.