Актерите од Струмица од денеска излегуваат на протест, откако на распишаниот конкурс за директор на Центарот за култура „Антон Панов“ беше избран Васил Бубев, кој е професор по физичка култура и актуелен директор на градинката „Детска радост“ во Струмица.
На конкурсот беа одбиени магистер по културен менаџмент и актерка со речиси 30-годишно искуство.
Според Министерството за култура одбиените кандидати немале целосна документација кога конкурирале на огласот.
Актерите од Струмица од Министерството за култура не добија одговор во врска со нивното барање за поништување на конкурсот за збор на директор.
Случајот од Струмица не е осамен…






