Откако на социјалните мрежи граѓани споделија фотки и видео снимки од забавите кои со масовно присуство на млади се организираат во ноќниот клуб Аватар во Струмица, реагираше Државниот пазарен инспекторат:



„Толку беше. Укажувавме, но го загубивме трпението. Ќе поднесеме пријава до основното обвинителство па од таму нека одредат која ќе биде одговорноста на субјектот. Прописите се јасни, а таму пишува дека ноќен клуб во овој момент не смее да работи во земјата“, велат од инспекторатот за „Фактор“.