48-годишен струмичанец денеска бил фатен како управува автомобил марка „голф“ со струмички регистарски ознаки со 2,34 промили алкохол во крвта.
Како што соопштија од СВР Струмица, пијаниот возач околу 09:50 часот полицијата денеска регистриралабил запрен на регионалниот пат Струмица-село Банско, во селото Куклиш.
По извршената контрола со алкомер „дрегер“ било утврдено дека автомобилот го управува со количина за неколку пати поголема од дозволената, објави Фокус.
Возачот бил исклучен од сообраќај, а констатираниот прекршок бил соодветно санкциониран.







