Од 1 јануари нема да има повисоки сметки за струја за домаќинствата и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
„Пристап до мрежа“ – уште 3-4 евра плус во сметките за струја!?
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на побарувањето од енергетските компании, со што струјата би поскапела 27% , Бектеши вели дека тие можат да побараат и 500% во делот на трошоците кои ги пријавуваат, но Регулаторната Комисија за енергетика ќе има одлука колку од тие трошоци ќе прифати.
Тој лично смета дека би требало да има покачување на цената од трет и четврт блок за да се покријат трошоците на оние од прв и од втор.
Министерот уште еднаш потврди дека за домаќинствата кои помалку трошат нема да има зголемување на цената од први јануари без разлика какви се барањата на енергетските компании.





