Најнова вест
Доцна попладнево во Струга се случил тежок инцидент во кој е нападнат началник на ОВР Струга.
Нападот во кој според очевидци е користено студено оружје се случил во централното градско подрачје.
По нападот напаѓачот веднаш се оддалечил од местото на настанот а на нападнатиот му помогнале луѓето што се нашле во непосредна близина.
Нападнатиот полициски началник според неофицијални информации од струшката полиција не е во животна опасност.
Струшката полиција веднаш почнала потрага по напаѓачот чиј идентитет е познат на органите на прогонот.
Причината за нападот засега е непозната.
Последна поврзана вест
Полициска блокада на струшкиот регион, напаѓачот на началникот на МВР е од селото Велешта






