Општината со 60.000 жителите има пет гинеколози кои во моментот работат, а од нив дури четворица се на возраст од 62 и 63 години, што значи се пред заминување во пензија, објави Алсат
„Младите гинеколози не ја гледаат перспективата во примарното здравство. Каква ќе биде иднината на здравството во областа на гинекологијата, а и општо во примарното здравство е неизвесна. Според сегашната состојба, бидејќи ние планираме да одиме во пензија, кој ќе нè замени? Сите колеги и колешки што се на специјализација, претендираат да останат во Скопје…“, вели Хаџер Алиед-гинеколог.
Тој вел дека државата треба да најде начин да ги мотивира младите специјалисти да останат и да работат во своите места, вели Алиед.
Слична е состојбата и во Охрид, каде исто има многу мал број матични гинеколози и сите се во повозрасна група.
Потребата од матични гинеколози е уште поголема во регионот ако се земе во предвид и податокот дека е сè поголем и бројот на пациентки на кои им се дијагностицира карцином на грлото на матката.







