Славчо Тасев, судија од Штип, го доби спорот против државата Македонија, откако македонските судови не му дозволиле од Бугарин да стане Македонец, дознава порталот МКД.МК.
Државата, на Тасев ќе треба да му плати 4.500 евра и 1.800 евра за судски трошоци.
Славчо Тасев е роден 1959 година во Босилеград, Србија. Во Македонија се сели во 1978 година. Тука дипломирал, формирал семејство и живее во Штип.
Цело време се изјаснувал како Бугарин, но во меѓувреме решил да ја смени националната припадност бидејќи доаѓа до докази дека неговото потекло е македонско.
Тасев во 2018 година решава да се кандидира за член на Судскиот совет како Македонец, но Советот го отфрла неговото барање бидејќи кај нив тој бил заведен како Бугарин…
Целиот напис на МКД.МК





