Стразбур: Јанакиески неоправдано бил држен во притвор

Европскиот суд за човекови права во Стразбур утврдил дека на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор, дознава Плусинфо.



Јанакиески речиси пет години беше во домашен и во затворски притвор, кој го издржуваше во Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Притворите му беа изречени за предметите „27. април“ и „Шпански скали“.

Европскиот суд донесе заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права. Имено, судот утврдил дека не постоеле доволно причини за лишувањето од слобода, а исто така ненавремено биле разгледувани жалбите поднесени на одлуките за продолжување на притворите.

Европскиот суд, според извори на Плусинфо одредил и отштета за Јанакиески од 3.900 евра.