Во универзитетската болница во Стразбур медицинскиот персонал работи дури и ако е заразен со коронавирус, а пациенти постари од 80 години повеќе не добиваат поддршка од респиратори, пишува „Дојче веле“.
Наместо тоа, на постарите лица им се дава само „нега за крај на животот со опијати и апчиња за спиење“, наведуваат вработени во германскиот Институт за кризна медицина од Тибинген во допис до властите во покраината Баден-Виртенберг, која граничи со Алзас.
Регионот на Алзас е еден од најтешко погодените од коронавирусот во Франција.





