Стравична експлозија на трафостаница на ЕЛЕМ во Железара

Стравична експлозија се случила околу полноќ на 110 киловолтна станица на ЕЛЕМ во кригор на некогашната фабрика Железара по што без струја останала дел од околината.



Експлозијата следувала неколку бучни искрења околу трафостаницата кои биле
предизвикани од паднато дрво.

Паднато дрво предизвикало спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара.

Екипи на ЕВН работат на теренот на отстранување на дефектот.

Повик за инервенција бил примен и во Територијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.

Во инцидентот што вознемири Скопје нема жртви.

Поради предострожност дел од околните компании кои работат во овој дел од градот ги исклучиле своите електрични капацитети.