Страв и паника по долината на Радика, во регионот на Долна Река се движи огромен ѕвер (ФОТО)

Владата пред пет дена донесе план за справување со зголемениот број на мечки во Мавровско – Реканскиот крај каде во последно време мечките влегуваат во селата но проблемот за жителите на овој крај ни од далеку не е решен.



Последната причина за паника и страв се траги од мечка кои се со огромна големина и според ловци кои ги познаваат мечките припаѓаат на мечка кој може да има и над 400 килограми.

Мечките генерално не се опасни по животот на граѓаните и ретко се случува да нападнат луѓе но стравот од мечките кои во потрага по храна влегуваат и во куќи предизвикува паника во регионот на течението на реката Радика.

Трагите од огромна мечка се снимени на дваесетина метри од куќа во едно од селата во долината на Радика што предизвикало страв поради кој по паѓање на мракот ретко кој селанец се осмелува да шета надвор што никогаш претходно не било случај.

Трагите од шепи од мечка кои ексклузивно ги објавува expres.mk се широки околу 25 а високи околу 40 сантиметри што укажува на можноста да се работи за ретко голема мечка која слободно шета во селски средини.

Во меѓувреме владата даде 3 месеци за анализа и 12 месеци за изработка на план.

Министерството за животна средина според планот на владата во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка за територијата на Република Македонија. Исто така е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата

Владата ги задолжи Министерството за земјоделство, и Министеството за животна средина во соработка со научни институции, во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки, со цел да се реши проблемот со овие животни кои слободно шетаат по мавроските села.

Задолженијата кои министерствата треба да ги спроведат се со точно определени рокови и со нив се предвидува изработка на акциски план за управување со кафевата мечка, формирање интервентен тим и список на можни локации за дислоцирање на овие животни.

Министерството за животна средина во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка за територијата на Република Македонија. Исто така е задолжено во рок од 3 месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата.

За координација на активностите на институците, како што информираа од Владата, е задолжен директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

– Директорот на Центарот за управување со кризи е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација како и да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање на услови за намалување на појавата на кафеава мечка во урбана средина – информираат од Владата.

Од Општината Маврово и Ростуше кон крајот на септември побараа Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на општината поради зголемено присуство на кафеавата мечка на овие простори и опасноста што таа ја претставува по животот на граѓаните. Според проценките на Општина Маврово и Ростуше, на територијата на националниот парк има од 160 до 180 мечки, а според одредени норми од стручни лица, нивниот број би требало да биде 70.