Страшни сцени се случувале вчера во струшката болница кога жител на селото Велешта предизвикал тежок инцидент во кој две три лица се лесно повреени.
Во инцидентот е предизвикана и финансиска штета откако напаѓачот кршел инвентар, столици и медицински колички за пренос на пациенти.
Велештанецот со иницијали Б.Х. незадоволен од третманот што го добил во болницата нападнал и претепал двајца лекари.
За малку во нападот е избегната трагедија откако напаѓачот почнал да го дави едниот од лекарите но за среќа не успеал во намерата.
По пристигнување на полицијата Б.Х. нападнал и полицаец од станицата во Струга по што е приведен и ќе добие соодветна кривична пријава, велат извори во струшката полиција.
За среќа давениот лекар го преживеал нападот






