Во својот говор пред почетокот на руските воени операции во Украина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата земја делува во самоодбрана и ги повика украинските војници веднаш да го положат оружјето. Но потоа шефот на руската држава им се обрати и на земјите кои можеби би се обиделе да се вмешаат во конфликтот со отворена и застрашувачка порака:
Сега, неколку реченици многу важни за оние кои можеби ќе се најдат во искушение да се вмешаат во случувањата. Кој и да се обиде да не спречи, или да предизвика закана за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде миговен и ќе предизвика последици со какви не сте се соочиле никогаш во вашата историја – рече Путин.
Русија утринава ја нападна територијата на Украина од повеќе правци, при што се користат сите модерни оружја а нападот е изведен од копно, море и воздух.





