Поради војната на Русија во Украина бројот на странски платеници се намалил во Либија – разрушена од граѓанска војна, делумно поради тоа што „се појави нов пазар на платеници“, оценува британскиот правен експерт Чалока Бејани во Женева.
Тој е дел од комисијата на експерти задолжени од Советот за човекови права на ОН да собираат докази за кршење на законите во Либија.
Според британските разузнавачи, Русија можеби била принудена да ги прераспореди борците од Вагнер, давајќи ѝ приоритет на Украина на сметка на операциите во Африка и Сирија.
Според британските разузнавачи, Русија можеби била принудена да ги прераспореди борците од „Вагнер“, давајќи ѝ приоритет на Украина на сметка на операциите во Африка и Сирија.
Сепак, според извештајот на ОН, не се повлечени сите странски борци од Либија.
Оваа земја богата со нафта е во граѓанска војна од 2011 година, кога беше соборен долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи. До денес, голем број милиции се борат за моќ и влијание во Либија. Во конфликтот интервенираат и други земји, вклучувајќи ги Русија и Турција.
На крајот на 2020 година, ОН процениле дека во Либија имало околу 20.000 странски борци и платеници.







