Дента кога се случил упадот на насилници кои се пресметувале со тројца контролори на лет во М-НАВ (4 јануари) шефот на државата го побарале амбасадорите на клучни земји во Скопје и високи преставници на НАТО да го прашаат дали е безбедно небото и за авиони на Алијансата.



Ова во гостување на „Тема на денот“ на Сител го изјави претседателот Стево Пендаровски:

Немојте да заборавите дека во тие 20-30 прелети или приземјувања имаше два авиони на НАТО, а во прелетите знаете на каде прелетуваат најчесто авионите на Алијансата, во едно подрачје кое е жешко во последните две години и исклучително е важно да има е гаранција за безбедноста на тие луѓе таму“, рече Пендаровски.

„Ние сме земја членка на НАТО и не смееше да се дозволи таков скандал во просториите на тој дел од критичната инфраструктура физички да се пресметуваат луѓе како да е кафеана.

Мислам дека треба да тргнеме од тука и да влеземе во процес, извршните органи пред се Владата да влезат во процес на расчистување, едно е обвинителство, друго е дисциплинска постапка, трето е кадровска политика, кого ќе примаме таму итн…Мислам дека таа институција е зрела за генерален ремонт, благо кажано“, вели Пендаровски.

„Тоа беше брука“, оцени Претседателот.

Тој не сакаше да ја коментира денешната седница на Илинденска број 2, на која Владата првин излезе со еден предлог за нов претседател на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на воздухопловната навигација, по што се пишмани и предложи друго име, откако стана јасно дека првото не ги исполнува условите за да биде именувано на таа позиција.

„Немам информација што се случувало на (седницата) на Владата во тие неколку часови. Да сум дел од таа структура би можел да коментирам“, рече претседателот.