Владата ќе мора да исплати неколку стотици милиони евра доколку изгуби неколку арбитражни постапки во кои е тужена од домашни и странски бизнисмени и компании.



На неодамнешна седница Владата разгледувала информација во врска со арбитражна постапка со украинската компанија „Сардич“ која поседуваше концесија за отворање на рудникот „Казандол“ во валандовско, дознава „еМагазин“.

Рудникот беше сопрен во фаза на изградба откако Владата минатата година донбесе заклучок да побара правни услови за раскинување на договорот со „Сардиќ“ која беше главен инвеститор во наоѓалиштето за бакар.

Дозволата за експлоатација беше издадена во јули 2015 година, за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, а Компанијата „Сардич“ сега бара 350 милиони долари отштета.

И словенечкиот бизнисмен со македонско потекло Блажо Тасев бара отштета од 400 милиони долари кој во 2004 година го купи рудникот „Саса“ кој потоа му беше одземен.

И британските милијардери со индиско потекло исто така ја тужат земјата…

Извор: еМагазин