Странски испостави од една моќна западна амбасада во Скопје истражуваат каде завршиле парите од дел од провизиите исплатени од Дојче Телеком во аферата за која има пресуда од судот во САД.
Според упатени дипломатски извори една од зградите за кои се заинтересирани странските истражители е зградата ,,Титаник” во општина Чаир која е поврзана со близок роднина на заменикот министер за внатрешни работи од ДУИ Назим Буши.
Каква е улогата на Оливер Спасовски во овој случај засега нема информации.
На оваа тема лани скандалозна сторија објави ИРЛ.
Според изворите кои инсистираат на анонимност вкупно 47 објекти вредни десетици милијарди денари од кои најголем дел се уште се дивоградби се на радарот на моќната западна партнерка на Македонија која истражува каде завршиле провизиите од скандалот ,,Дојче Телеком” за кој има пресуда од американските судови.
Новинарот Зоран Божиновски десетина дена објавува документи за сериозна корупција во Македонски Телеком.
Божиновски со официјална електронска преписка докажува дека во операцијага за задржувањето на монополската позиција на Маѓар Телеком бил инволвиран и актуелниот премиер Димитар Ковачевски.
Во Македонија случајот за корупција против Владо Бучковски, Муса Џафери и Али Ахмети за кои има сомнеж дека примиле мито е блокиран со години иако има сведок кој ги потврдува наводите на американските судови кои веќе осудија менаџери на Дојче Телеком.
Истражувањето на 47 објекти кои се поврзани со високи функционери на ДУИ опфаќа и комуникација која институции водени од кадри на Мала Речица ја имале во врска со легализација на зградите меѓу кои има и такви со 12 спрата и стотина станови.
Ако се утврди дека овие згради се изградени со провизија од скандалот Дојче Телеком на повидок се драматични моменти во македонската политика.






