Странци добија кривични пријави за подметнат пожар

На 14.08.2021 СВР Охрид – Одделението за внатрешни работи Дебар, до Основното јавно обвинителство Дебар поднесло кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик.



Според информацијата што ја лиферуваше до медиумите портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски пријавените, се сомничат дека предизвикале шумски пожар, кој бил пријавен дека настанал на 13.08.2021 на подрачјето на дебарско.

Денеска во овој регион на местото на пожарот интервенираа хеликоптери на АРМ.

Видео од битката на македонските пилоти со пожарот во Дебарско