Жителите на Автокоманда реагираат на неиспорачувањето на топлинска енергија – парно – втор ден откако започна грејната сезона а утринските температури паднаа и под 12 степени.
Населбата Автокоманда на почетокот на годинава, беше исклучена од таканареченотом „железарско парно“ што го добиваа од „Енергетика“ но без никакво објаснувње од ЕСМ беа информирани дека ќе продолжат да плаќаат по стара тарифа, додека системот не биде префрлен на новиот снабдЖдувач со парно.
Резулатат: Автокоманда нема парно!
Да потесетиме, среде грејна сезона, Автокоманда остана без, според многумина, привилегираното парно греење.
Беа организирани и поротести, а од Заедницата на оваа општина и од градоначалникот на Гази Баба, беше прозван и претседателот на државата, Стево Пендаровски, како жител на населбата, да се солидаризира со комшиите.
Реакција, немаше.
Загрижени граѓани и редовни плаќачи прашувааат дали парно за Населбата ќе има во – декември, за кога е најадено поставување на топловодите под мостот „Беласица, по пожарот во мај, а за кој досега ништо не е преземено.
Речиси цела населба веќе три дена нема греење, телефонскиот број за поплаки во ЕСМ е вжештен, а одговори или нема или се апсурдни.
Некои граѓани добиле одговор дека станува збор за голем дефект, а други пак, биле информирани дека проблемот е во “несовесноста на нивни соседи кај кои има протекување во системот”.
Некоордираноста во изговорите на службите во ЕСМ само го зголемуваат незадоволството кај жителите на населбата кои и понатаму плаќаат 30% повисоки сметки во споредба со останатите делови од градот приклучени на истиот оператор, а не само што веќе немаат 24 часа парно, туку сега немаат воопшто.
Ветувањата од Регулаторната комисија за енергетика дека сметките во Автокоманда ќе бидат израмнети со оние на корисниците од цело Скопје, засега се покажаа – невистинити.








