97 градежни работници од странство биле приведени бидејќи немале регулиран престој и работеле непријавени, соопшти МВР.
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при Бирото за јавна безбедност по спроведена контрола ги затекнале странските државјани на градежни објекти кои се градат од фирма од Турција позади трговскиот центар „Рамстор“.
По целосно документирање на случајот, како што посочија од МВР, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи.






