Стотина македонски специјалци вечерва во деликатна акција во центарот на Скопје

Стотина македонски полициски специјалци добиле наредба според која вечерва ќе учествуваат во деликатна акција во центарот на Скопје.



Полициските специјалци околу 2 часот по полноќ треба да им асистираат на Општина Центар и на државниот градежен инспекторат кои треба да урнат две дивоградби на познатата Пластичарска улица во центарот на главниот град.

Стотината полицајци се повикани поради високиот ризик при уривање на објектот од кои на едниот не се знае формалниот сопственик.

Едниот објект е еднаш урнат во 2017 година а двата објекти кои треба да се уриваат имаат површина од над 3 илајди метри квадратни кои вредат десетина милиони евра.

Еден од објектите нема никакви документи а изграден е на државно земјиште во зелен појас.

Цели 6 години општина Центар и Државниот градежен инспекторат не спречуваат изградба на објекти кои се целосно спротивен вни на законот.

Минатата недела МВР на Оливер Спасовски не испрати полициска асистенција за уривање на објектите наводно поради зафатеност на полицијата но упатени извори тврдат дека се работи за партиски притисоци од луѓе блиски на една владеачка партија кои не сакаат уривање на објектите.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски пред две недели потврди дека Општина Центар поднела барање за асистенција од Министерството за внатрешни работи за уривање на дивоградбата на улицата „Никола Карев“, (ул. „Пластичарска“).

„Беше и договорена акција за отстранување на објектот, но поради многубројните пријави, така ни стигна допис од страна на Министерството за внатрешни работи, во делот на бомби во училиштата и недоволен број на полициски службеници истата беше стопирана. Повторно од моја страна, по извесен период, пред неколку дена е доставено повторно барање за асистенција од страна на МВР за да заедно да излеземе од терен и почнеме со отстранување на тие диви објекти“, изјави Герасимовски.

Најнова поврзана вест

Мистериозна сила повторно ги повлече специјалците кои се подготвуваа за уривање на дивоградби на ,,Пластичарска”