Стотина македонски граѓани повеќе од 8 часа се блокирани на границата меѓу Унгарија и Србија на премирот Хоргош во близина на Суботица.
Блокираните македонски граѓани се враќаат од повеќе европски држави со педесетина возила но не можат да ја минат границата за да се вратат во матичната земја.
Засега тие не можат да добијат никаква официјална информација од српските власти зошто не можат да влезат на српска територија. Предходно Србија ги затвори своите граници за сите што не се нејзини граѓани.
Дел од блокираните патници контактирале со високи владини претставници кои што им ветиле дека ќе се обидат да ја запрат блокадата но засега нема најава за решение.
Меѓу патниците има и деца, жени и стари луѓе кои немаат храна и вода а ако ситуацијата не се реши веднаш ќе се јави проблем и со хроничните болни кои примаат редовна терапија, информира за expres.mk македонски државјанин кој е меѓу блокираните на Хоргош.
Од завчера сличен проблем имааат и 31 македонски камионџија кои што се блокирани на границата меѓу Словенија и Хрватска.






