Германските земјоделци протестираат во центарот на Берлин поради зголемените цени на гориво и најавуваат „масовен отпор“ ако владата не ги повлече плановите за укинување на субвенциите, пренесува „ДВ“. Здружението на германски земјоделци (18.12.2023) одржува голема демонстрација пред Бранденбуршката порта во Берлин. Под мотото „Што е многу, многу е! Сега е доста!“, земјоделците кои во Берлин стигнаа и со трактори, го креваат гласот против планираното укинување на субвенции за дизел за земјоделците, потоа против укинување на даночните олеснувања за земјоделски возила, а со тоа и воопшто против поскапувањето на горивото.

Здружението на земјоделците од владата бара повлекување на овие планови, во спротивно, од јануари најавува „масовен отпор“, како што изјави претседателот Јоахим Руквид.
Германскиот сојузен министер за финансии Кристијан Линднер претходно сигнализираше спремност на разговори. „Отворен сум за алтернативи“, изјави тој во претходно. Според информации од аграрната бранша, профитабилноста на земјоделството неодамна е подобрена. Во финансиската 2022/2023 година која истече на крајот на јуни, просечната добивка на компаниите пораснала на рекордни 115.400 евра, што е зголемување од 45 проценти во однос на претходната година.





