Стотици луѓе се спасени од траект што се запали меѓу Грција и Италија во раните утрински часови во петокот, соопшти грчката крајбрежна стража.
Крајбрежната стража соопшти дека 237 патници и 51 член на екипажот биле на бродот „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме и повеќето од нив се качиле на спасувачки бродови.
Нема информации за загинати или повредени, соопштија властите. Фериботот пловел од Игуменица, најголемото пристаниште во западна Грција, и се упатил кон италијанското пристаниште Бриндизи, оддалечено околу девет часа.
Траектот долг 183 метри бил зафатен од пламен и огромни облаци чад. [Ројтерс]







