Стотици Македонци верници на Македонската православна црква Охридска Архиепископија го пречекаа благодатниот велигденски оган во црквата Свети Климент Охридски во Берлин.
Со пораки за љубов и разбирање дел од Македонците во Берлин се собраа вчера пред полноќ во црквата која го носи името на сесловенските просветител за да го одбележат големиот христијански празник.
Свечената литургија и традиционалните три круга околу црквата со свеќи в рака ги водеше свештеникот Оливер Новески.



















