Благојче Дончев од Кочани пред два дена доживеал стрес откако му било соопштено од болница дека неговата мајка починала во болницата во Кочани, по неколку часа откако пристигнал со погребална кола му соопштиле дека мајка му е жива.
Дончев за Телма раскажува дека неговата 58 годишна мајка Јаворка Дончева има тешки здравствени проблеми, по два преживеани мозочни удари, откако и се влошила состојбата веднаш повикале брза помош.
Попладнето се јавил во болницата, а од другата страна на слушалката некој му соопштил дека е веќе почината и да се подготват за нејзиниот погреб.
Синот ги известил роднините и пријателите, купил свеќи, ковчег, порачал некролози…






