Стопанството против носење на данок за солидарност со европско знаме

Владата нема да се откаже од данокот на солидарност, ќе се обиде да го протурка предлогот за еднократен данок за солидарност во собранието.
Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски смета дека во моментов не се потребни нови даноци. Ангеловски за тв 24 вели, парите кои Владата сака да ги добие од овој данок врз стопанството, може да ги обезбеди од непотребните трошоци кои се прават во јавниот сектор.



„Треба да се пристапи кон рационализација кон сите трошења во јавната администрација, за кои навистина во овој момент нема толкава потреба. И моѓе одредени јавни претпријатија кои бележат дебели минуси, или институции кои можеби на неадекватен начин ги трошат тие средства. Значи, пред се таму да се направи оваа рационализација а дури потоа да се размислува за воведување на нови даноци.“ – вели Ангеловски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш најави дека нема да ги поддржи, не само Предлог законот за солидарност туку и останатите два кои исто така се носат со европско знаменце, а се дел од најавената даночќна реформа. Овие решенија се против интересите на граѓаните и компаниите, вели Бојан Стојановски претседател на собраниската комисијата за финансирање и буџет.

„Ликвидноста на компаниите е сериозно нарушена и наметнувањето на ваков данок дополнително ќе ги отежни и онака тешките и независни услови во кои делуваат. Законот не ги зема предвид ефектите од инвестициите, истражувањето и развојот на комапниите во минатото кои вродиле со зголемени добивки, а пораката што власта ја праќа до стопанството гласи „успешните ќе бидат казнети.“ – вели Стојановски.

Предлог Законот за данок на солидарност беше заглавен во собранието уште од ноември лани, опозицијата која преседава со собраниската комисија за финансирање и буџет не го ставаше предлог законот на расправа бидејќи бараше прво да се организираат јавни расправи со засегнатите страни. Но тоа не се случи.

Во исто време стопанските комори на неколку пати алармираа дека се против носење на нова давачка. По овие реакции владата реши законот да го врати на почетотк и повтроно да го испрати во собранието, но овој пак си го олесни патот бидејќи ќе биде осигуран од европското знаменце.

На удар ќе бидат точно 180 компании кои лани направиле промет над 10 милиони евра и оние кои оставриле 20 отсто повисок промет во 2022 година во однос на просекот од претходните три години.

Извор : ТВ 24
https://24.mk/details/biznis-zaednicata-kontra-vladata-za-predlog-zakonite-so-evropsko-znamence-od-danochnata-sfera