Стопанска банка а.д Битола наградена за „ Акција со најголем пораст на прометот во 2023“ од Македонска берза

Стопанска банка а.д Битола е добитник на престижната награда во конкуренција на акционерски друштва под 50 милиони пазарна капитализација, во категорија „Акција со најголем пораст на прометот во 2023 година“. Наградата ја подигна Претседателот на Управниот Одбор на Стопанска банка а.д Битола, Александра Радевска.



Трета година по ред Македонска берза доделува награди во повеќе категории. Како основа за наградените добитници се сметаат квантитативните податоци како што се берзанскиот промет, цените, истргуваните количини на хартија од вредност и бројот на трансакции.