Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, денес на свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација, беа прогласени најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2021 година.
Наградените службеници добија пофални зборови и признанија за нивната посветена работа и остварени резултати во текот на годината.
Наградата за најдобри банкарски службеници во Стопанска банка а.д. Битола годинава ја добија Елена Паламидовска Ѓореска – референт за работа со благајна во експозитура Стара Зграда и Милица Поповски – стручен соработник за работа со физички лица во истата експозитура.







