Членките на ОПЕК, Русија и другите земји извознички на нафта потпишаа договор за намалување на производтвото на нафта на 9,7 милиони барели дневно, со што ќе сопре натмошно паѓање на цената предизвикано од пандемијата на коронавирус.
Договорот претставува најголемо намалување на производството на нафта од кога било досега.
Намалување на светското производство на нафта било постигнато на вчерашните разговори преку видео-врска.
Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп, како и саудискиот крал Салман го поддржаа договорот.
„Договорот ќе спаси стотици илјади работни места во областа на енергетиката во САД“, рече Трамп.
Намалувањето на производството на нафта ќе биде во период од два месеца и ќе стартува на 1 мај.
Сепак, драстичното намалување на производството, нема бргу да го стабилизира пазарот бидејќи побарувачката е се уште пониска од понудата, поради светската криза со пандемијата на коронавирусот.






