Генералниот секретар на НАТО вели дека Владимир Путин нема планови за мир во Украина, затоа Запад треба да се подготви да доставува „смртоносно“ уружје за Киев уште долго време.
Јенс Столтенберг смета дека членките на НАТО треба да се согласат дека одвојување на 2% од БДП за одбрана е минимумот.
„Претседателот Путин не планира мир, тој планира уште војна“, вели Столтенберг според кој Русија го зголемува воено индустриското производство и „посегнува по авторитарните режими, како Иран или Северна Кореја и други, во обид да набави повеќе оружје“, вели Столтенберг во интервју за „Гардијан“.
Како резултат на тоа, САД, Обединетото Кралство, Франција, Германија и другите западни држави мора да бидат подготвени да ја поддржат Украина со оружје, муниција и резервни делови долго време.
„Во моментов, борбите се толку интензивни што употребата на артилериски гранати од Украина – од 4.000 до 7.000 дневно наспроти 20.000 руските – беа повеќе од западно производство.
„Сегашната стапка на потрошувачка на муниција е повисока од сегашната стапка на производство“, рече Столтенберг, иако новите договори значеа дека тоа се менува.
Претходно оваа недела, членките на ЕУ се согласија да и достават на Украина милион гранати, доволно за околу шест месеци.
Столтенберг рече дека сака членките на НАТО да бидат подготвени да потрошат повеќе за да ја поништат руската инвазија.







